Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на УС Опен, откако утрово во полуфиналето го совлада Британецот Џек Дрејпер со резултат 7:5, 7:6 (7:3), 6:2.
Натпреварот траеше три часа и четири минути. Синер е тенисер број еден во светот, додека Дрејпер е 25-ти на АТП листата.
Во првиот сет, Синер направи брејк во седмиот гем, Дрејпер возврати во следниот. Италијанскиот тенисер сепак го освои првиот сет бидејќи повторно му го одзеде сервисот на својот ривал во 11. гем.
Двајцата тенисери го задржаа својот сервис во вториот сет, Синер беше подобар во тај-брејкот со резултат 7:3.
Италијанскиот тенисер направи два брејка во третиот сет и со тоа се пласираше во своето прво финале на УС Опен.
Во финалето на УС Опен Синер ќе игра против Американецот Тејлор Фриц, кој го совлада сонародникот Френсис Тиафо со резултат 4:6, 7:5, 4:6, 6:4, 6:1.
Фриц е 12. тенисер во светот, со пласманот во финалето на УС Опен го постигна најголемиот успех на Гренd слем турнирите.
Финалето е закажано за в недела.