Синер исфрлен од изборот на „Лауреус“ за Спортист на годината!

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Фондацијата „Лауреус“, која со години им доделува вредни награди на спортистите кои одбележуваат една година, ја повлече номинацијата на Јаник Синер за наградата „Спортист на годината“. Италијанецот беше елиминиран од овие избори поради суспензијата што ја доби.

Шон Фицпатрик, директорот на фондацијата „Лауреус“, објасни се во изјавата која сигурно ќе ја разбранува тениската јавност.

„По разговорите со Академијата „Лауреус“, беше одлучено да се повлече кандидатурата на Јаник Синер за Спортист на годината. Го следевме неговиот случај, одлуките на светските тела и сметаме дека тримесечната суспензија ја оневозможува кандидатурата. Јаник и неговиот тим се информирани“, изјави Шон Фицпатрик.

Слични содржини