Јаник Синер, првиот тенисер во светот на кого му е забрането да игра и тренира три месеци поради случајот со допинг, најде дупка во законот и најде „засолниште“ за тренинзи. Станува збор за комплекс во Монте Карло. Па, така Италијанецот најде дупка во законот во Кнежевството кое го регистрираше како негово живеалиште, исто како што претходно со години наназад го има и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
На Синер му е забрането да тренира на места кои соработуваат со тениските федерации на тие држави за време на неговата тримесечна суспензија.
Проблем се и спаринг-партнерите, бидејќи казната на Светската антидопинг агенција (ВАДА) исто така вели дека ниту еден тениски професионалец не смее да тренира со Синер кој е осуден за допинг.
Иако е јасно дека ова е една од најсмешните и најблаги казни, не само во историјата на тенисот, туку и на целиот спорт, сепак Јаник се чини дека нашол дупка во законот.
Комплексот Монте Карло не е поврзан со Француската тениска федерација, освен за време на АТП турнирот во тој град, кој е закажан за 5-ти април и ќе трае до 13-ти април.
Италијанецот од тој датум ќе може да тренира каде сака, додека од 4 мај, кога му истекува суспензијата, според правилата ќе може да тренира во сите официјални комплекси.
Италијанските медиуми јавуваат дека Синер на 1 март ќе ја започне првата фаза од подготовките за продолжување на сезоната, која вклучува физиотерапевтска работа со медицински тим и тренери.