Синер спие по 10 часа

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер по победата над Маркус Жирон и пласманот во осминафиналето на Австралија Опен изјави дека е среќен поради триумфот, но и откри дека се труди да живее здрав живот.

„Многу сум среќен што сум денес овде со вас и што можам да славам. Секоја победа е исклучително важна, бидејќи ме води кон целта“, изјави Синер по мечот.

На прашањето дали може дополнително да напредува, најдобриот светски тенисер изјави дека секогаш има простор за тоа.

„Секако дека има работи со кои не сум премногу задоволен во играта. Да речеме дека сум задоволен со 90 проценти од работите во мојата игра, а треба да работам на преостанатите 10. За да останете на врвот, треба постојано да се подобрувате“.

Италијанецот истакна дека била голем спијач.

„Јас сум голем спанко, сакам да спијам“, низ смеа му рече тенисерот на новинарот на прашањето како изгледа неговиот ден.

На прашањето зошто се смее, тој одговори:

„Погледнете го мојот бокс, сите се смеат, чекајќи го мојот одговор. Синоќа спиев 10 часа, убаво спиев. Покрај тоа, се трудам да се хранам исклучително здраво, тоа е исто така важно“, изјави Синер.

Слични содржини