Едно лице падна од скелето обидувајќи се да го симне платното од Прометеј. Остана нејасно зошто се качи откако сите се повлекоа и дојде полицијата
Сепак мирно завршија синоќешните протести по ултимативното одбрјување на „Шарената револуција“ , за оставка на владата на Груевски и поддршка на СЈО. Огромната маса демонстранти потпомогната од граѓани и од Куманово и Струмица ја преполнија улицата од СЈО до владата, а потоа покрај Министертвото за правда до пред Собрание.
Стандардното боење овојпат беше засилено со пумпи и шмркови за боење каде мнистерсвото за правда кое доби речиси нова фасада.
Сепак тоа не беше доволно за да го запре незадоволството, па летаа и бекатонски коцки, камења, при што беа искршени стаклата на зградата.
Потоа се скокна канцеларијата на Иванов и се тргна кон зградата на Собранието на РМ.
Набилданата еуфорија потоа се префрли пред зградата на Парламентот, а таму без говори и однос кон масата, незадоволните демонстранти некако не ги задоволи стандардното „чаталење со боја “ врз фасадата, па дел од демонстрантите се пуштија на обид за уривање на споменикот на Прометеј.
Очигледно неподготвени тие се обидоа со платното кое беше заштита околу скелето да го врзат и да го повлечат, што поради цврстината на конструкцијата беше речиси и неможно.
И додека се размислуваше како да се урне споменикот, пристигнаа специјалците на МВР , и ги потиснаа демонстрантите подалеку од спомениците.
Редарската служба на протестот застана измеѓу полицајците и народот, така да освен потиснување , вербални напади, во стилот „Кого браните“, „Кого напаѓате“ Против кого сте и која е вашата заклетва да ја штитите Македонија или криминалот“ , „Апсете го Груевски не народот“, немаше друг посериозен инцидент.
Единствено едно лице падна од скелето на споменкиот ,обидувајќи се да го симне платното од Прометеј. Остана нејасно зошто се качи откако сите се повлекоа и дојде полицијата и се случуваше акцијата на потиснување. Некои велеа дека е од полицијата, други дека е од „Шарените“. Подоцна дојде возило на брза помош и го однесе повредениот кој имаше мал но незгоден пад.
И колку за споменикот на Прометеј во паркот „Жена-борец“ тој повеќе не е под опсада. Прво се разотидоа демонстрантите, а по нив се повлече и полицијата.
Активистите на Шарената револуција синоќа имаа убедливо најголема поддршка.