Обвинителството на САД започна истрага за даночните обврски на Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.
Веста ја потврди самиот Хантер Бајден, наведувајќи дека истрагата ја води американското обвинителство во Делавер.
Тој во изјавата додал дека неговите адвокати го информирале вчера дека е покрената истрага.
Statement from Hunter Biden: "I learned yesterday for the first time that the U.S. Attorney’s Office in Delaware advised my legal counsel, also yesterday, that they are investigating my tax affairs." Full statement from him and the transition team below. pic.twitter.com/buuz3t60R4
— Grace Segers (@Grace_Segers) December 9, 2020
„Јас многу сериозно го сфаќам ова прашање, но убеден сум дека професионалната и објективна истрага ќе покаже дека работите ги водев легално“, изјавил Хантер Бајден, пренесе Ројтерс.