43
Најстариот син на фудбалската легенда Дејвид Бекам, Бруклин, има нова кариера. Години наназад се проба во фудбалот, но без особен успех.
Како тинејџер, Бруклин забележа настапи за младинските тимови на Арсенал, но неговата кариера никогаш не го следеше патот на неговиот татко, кој стана една од фудбалските икони на 21 век.
Во последните денови стана јасно дека синот на Бекам ја прифатил понудата да се трка во Формула Е. Тој ќе ги покаже своите вештини во натпреварите со уште 11 влијателни луѓе, меѓу кои и поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.
Организаторите се обидуваат да го поттикнат интересот на младите за спортот.