Синот на Брена конечно кажа дали е во врска со сестра ѝ на Богдана

од Elena Daskalova
306 прегледи

Во интервју за „Љубов и здравје“, Стефан Живојиновиќ открива дали повеќе ја сака Америка или Србија, но и го одговара најскокотливото прашање поврзано со него, дали е во врска со сестра ѝ на Богдана Ражнатовиќ?

Стефан открил дека во Америка му е најубаво за време на Денот на благодарноста и често е таму, за заедно со пријателите да подготвуваат традиционална трпеза.

Исто така, вели дека како деца не биле многу свесни дека нивните родители се популарни личности. Одреден период тренирал тенис, но сфатил дека тоа не е за него. Сега е посветен на винаријата и на настапите, со тоа што се труди да биде препознатлив како Стефан Живојиновиќ, а не како синот на Лепа Брена.

Што се однесува на наводите дека е во врска со Бојана Родиќ, сестра на снаата на Цеца, Богдана Ражнатовиќ, тој одговорил кратко и јасно:

„Ме поврзуваат со многу девојки, но во моментов не сум вљубен“, затворајќи ги со тоа сите шпекулации дека се гледа со Бојана.

Слични содржини