Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ објави „Ферфилд дејли војс“.

Screenshot-1

Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „Адерал“ и “Занакс“( кај нас познат под името „Хелекс“) за кои тие му плаќале во готово.

Со него заедно е упасен и Душан Босотов, под истото обвинение.

Кљусев бил изведен пред судија и задржан во притвор, а Босотов е ослободен со 200.000 долари кауција.

Во истрагата биле користени заштитени сведоци и полцаец кој се претставил како пациент. Тие тврделе дека Кљусев им препишувал лекови без да ги прегледа за што му давале е пари. Наводно тој и на Босотов му дозволил да пишува рецепти додека бил отсутен.

Парите потоа ги користел за лични потреби, облека, патувања и за отплата на кредити.

Максималната казна за ова дело е 20 години затвор. Тој е исто така обвинет и за перење пари за што му се заканува максимална казна од 10 години затвор.

Според информациите од САД, Кљусев претходно бил обинет и казнет со 15.000 долари за сексуално вознемирување на пациентка.

Тој ова дело не го признал и тврдел дека е „жртва на културна дискриминација“.

2-300x201

Људмил Кљусев е син на Никола Кљусев, академик и прв премиер на независна Македонија.

Тој од претседателот Ѓорге Иванов го прими постхумното одликување „8 Септември“ кое на неговиот татко му беше доделено за „трасирањето на патот на самостојната мнакедонска држава, остварувајќи ја волјата на македонските граѓани непосредно изразена на референдумот за независност на 8 Септември“.

 

META

Слични содржини