Синот на Леброн: Голем притисок, но цел живот се справувам со тоа

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс, беше претставен во Лос Анџелес Лејкерс и зборуваше за претстојната сезона во која ќе игра покрај својот татко.

Лејкерси го драфтуваа Брони во втората рунда на драфтот. Веќе е познато дека голема желба на долгогодишната ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс е да одигра барем една сезона со својот син и таа желба ќе му се оствари. Секако, ова го става младиот Брони под огромен притисок и јасно му е дека целиот негов престој во НБА ќе биде под огромна лупа на јавноста.

– Сигурно ќе има голем притисок. Веќе имав можност да видам на социјалните мрежи дека можеби не ја заслужувам шансата. Но, цел живот се занимавам со тоа, така што ова не е поинаку. Ќе се борам со тоа – изјави Брони.

Тоа не е единствениот потег на Лејкерси што предизвика контроверзии во овој период меѓу двете сезони. За новиот тренер го доведоа Џеј Џеј Редик, човекот кој води поткаст со Леброн Џејмс. Тој самиот верува дека Брони има потенцијал да стане одличен НБА играч.

– Има многу убави работи во играта. Атлетизам, игра во одбрана, шутирање, додавање. Додека холистички ја градиме програмата за развој на играчи, тој ќе има одлична можност да стане врвен НБА играч, изјави тој.

Брони Џејмс имаше просек од 4,8 поени и 2,1 асистенции по натпревар на колеџ. Тој имаше проблеми со срцето во текот на сезоната.

Слични содржини