Синот на Лепа Брена се повлекува од сцената – нема веќе да се занимава со пеење!

од Vladimir Zorba

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Стефан Живојиновиќ, последниве години гради музичка кариера, но и покрај неговото достигнување, тој донесе одлука да се повлече од поп небото, соопштија српските медиуми.

– Решив да се повлечам од поп-сцената и од јавниот живот. Јас не би навлегувал во она што се случи во последните три месеци, но она што сакам да го кажам е дека мислам дека секој од нас можеше да научи убава лекција од сето ова. Затоа ја донесов одлуката и мислам дека е правилна. Некои други деловни амбиции почнуваат, нешто што би сакал да го правам, но ќе го споделам тоа подоцна во некој подоцнежен период – вели Живојиновиќ и посочува дека тој веќе нема да пее.

Стефан открива што го натерало да ја донесе одлуката.

– Не само една работа, беа вклучени неколку фактори. Ми требаше малку време да размислам за сето ова. Јас навистина мислам дека ова е дефинитивно. Имам убави спомени и каде и да настапивме дававме се од себе и она што е најважно за мене, секогаш се обидувавме да направиме да звучи убаво и да ја донесеме музиката на наш начин, да ја пренесеме нашата енергија. Значи, ако можам да кажам така, кариерата беше убава, кратка и слатка, вели Стефан.

Живојиновиќ, исто така, истакна дека тој апсолутно ја има поддршката од неговите родители за оваа одлука.

Слични содржини