Синот на Марадона бара од Меси да се откаже од „десетката“

од Stefanija Kuzmanovska

Диего Армандо Марадона Синагра, син на легендарниот фудбалер, побара од Лионел Меси да се откаже од десетката во Барселона.

Тој сакаше Меси да го стори тоа за да му оддаде почит на Марадона, кој почина минатата недела.

Меси веќе му оддаде почит соблекувајќи го дресот и покажувајќи ја „десетката“ на Њуелс, својот клуб од детството за кој своевремено играше и Диего.

Во интервју Синагра рече дека го очекува овој потег во сите клубови за кои играше Диего.

„Вклучувајќи ја и Барселона, немам дилема дека треба да се случи такво нешто“, рече тој.

Патем, Марадона не ги доживеа своите најславни денови во Барселона, туку во Наполи, па таму може да се очекува таков гест – стадионот веќе го доби името „Диего Армандо Марадона“.

Слични содржини