СИНОТ НА МАРАДОНА „ИЗБЕГАЛ“ ОД БОЛНИЦА! Бил хоспитализиран поради корона, а потоа слушнал дека неговиот татко починал

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Диего Армандо Марадона, најдобриот аргентински и еден од најдобрите фудбалери на светот почина денеска, а неговиот син Диего Џуниор реши итно да ја напушти болницата каде што беше сместен поради компликации поврзани со вирусот САРС-КоВ-2.

Пред неколку дена, наследникот на славниот ас мораше да побара лекарска помош, а по тој повод беше наведено дека е најдобро да се остане во болница, имајќи го предвид влошувањето на здравствената состојба.

Сепак, како одминуваше времето, 34-годишниот Диего Џуниор сега почна да се чувствува малку подобро, а потоа го потресе страшната вест – неговиот татко почина помалку од еден месец по неговиот 60-ти роденден, и седум дена по напуштањето на болницата каде бил опериран на главата.

Како што дознава италијанскиот портал „Фанпејџ“, синот на Марадона веднаш покренал итна постапка за да биде пуштен порано од болницата Котуњо во Неапол, каде се лекувал.

Тој тоа го стори штом дознал од аргентинските медиуми дека неговиот татко починал, сè со цел да стигне во Аргентина на време на погребот на неговиот татко, иако се поставува прашањето дали тој ќе успее во таа намера, со оглед на светската ситуација во врска со новата пандемија на коронавирус.

Неговата сопруга преку Инстаграм ги замоли новинарите да не ги прашуваат ништо во моментов затоа што „тие се обидуваат да ја согледаат ситуацијата во која се најдоа по оваа тажна вест“.

Диего Џуниор е син на легендарниот фудбалер и Кристина Синагра, која славниот ас ја запозна додека играше за Наполи.

Дури по многу години, во 2004 година, неговиот татко го призна на суд како негов вонбрачен син, а тие се сретнале летото пред тоа, во 2003 година.

Слични содржини