Синот на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи и инспектор во МВР – Зеглул Реџепи упати навреди до претседателот на државава Стево Пендаровски на социјалната мрежа Фејсбук.
„Ова е секогаш лицето на оваа држава, како и секогаш со два аршини, г.Пендаровски не заборавај кога ти требаа гласови трчаше кај сите без разлика, добро е и сега да не правиш разлика!! За крај едно прашање за вас: на кого личите, на мајка ви, сестра ви или невестата??“, пишува Реџепи во коментар на Фејсбук под вест за пораките на претседателот до поглаварите на ИВЗ и МПЦ.
Зеглул Реџепи е инспекторот вработен во МВР, кој и е познат на јавноста кога се вклучи во живо на Фејсбук и се снимаше како шета по улица за време на полицискиот час, по завршување на работните задачи.
МВР против него покрена дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.