Синот на Рамиз Мерко се подновил со автомобил од 150.000 евра, обвинуваат од Алијанса

од Nikola Popovski
378 прегледи

Опозициската Алијанса за Албанците (АА) обвини дека синот на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко се подновил со нов автомобил, кој според нив, чини 150.000 евра.

-Додека ние, обичните граѓани, пренесуваме пораки на честитки и радост поради новогодишните и божичните празници, членовите на семејството на „БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК” – од Струга, на стружаните им ја честитаа новата година со своите автомобили, новите модели од 2023 година, кои чинат од 130.000,00 евра до 150.000,00 евра, велат од струшкиот органок на АА.

-За да се купи таков автомобил од страна на работник со просечна плата од 400,00 евра, истиот тој треба да работи од 27 до 33 години. Препотенцијата на луксузот што синот на градоначалникот им ја покажува на стружани со новиот автомобил кој чини можеби околу 150.000.000 евра, само по себе говори за целите и перспективата што неговиот татко им ги донесе на Струга, додаваат од АА.

Слични содржини