Синови на руски политичари во тајна чета: „Одредот на ортаците“ далеку од крвавите битки

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Руските пратеници се обвинети дека организирале извидничка единица далеку зад првата линија на фронтот, за тие и нивните воено способни синови да учествуваат во војната во Украина без да загинат.

Кремљ претходно им порача на руските политичари да ја поддржат инвазијата доколку сакаат да ја заслужат почитта на обичните Руси, пишува британски „Телеграф“.

После тоа, пратениците се пријавија за воен рок во тајната единица Каскада, некаде во Донбас, околу еден месец, што им овозможува да се фотографираат во воена униформа, а можеби и да добијат неколку медали.

ВКЧ-ОГПУ, руски блог канал кој тврди дека има блиски врски со одбранбениот естаблишмент на земјата, објави список на политичари од партијата Единствена Русија на Владимир Путин кои служеле во Каскада.

„Ова е ‘одред на ортаци’ каде што има пратеници и нивните деца кои сакаат да се претстават дека биле во војна, но не сакаат да одат на првата линија“, објави канал на Телеграм.

Синовите на моќниците ја избегнаа мобилизацијата

Синот на Димитриј Саблин, пратеникот кој ја основа четата и моментално ја води, е снимен во Украина како служи заедно со други членови. Руските опозиционери кои живеат во егзил на Запад истакнуваат дека речиси сите синови на моќните Руси успеале да ја избегнат првата руска мобилизација.

Единицата Каскада е формирана во октомври, еден месец по наредбата за мобилизација на Путин, но не е познато колку единицата всушност учествува во борбите.

„Најудобно место за ‘минливата служба’ е одделот за беспилотни летала во Каскадите, бидејќи ви овозможува да останете на безбедно растојание од борбената линија“, објави ВКЧ-ОГПУ.

Фотографиите покажуваат дека војниците на четата подготвуваат дронови и ги проучуваат компјутерските монитори во пријатни бункери, далеку од крвта и калта на првите редови. Каскада се смета за полутајна единица за специјални операции, што значи дека може да избегне откривање на нејзината локација, иако Саблин во објава на Телеграм напиша дека неговите војници се сместени во Рубижне, на околу 80 километри од фронтот.

Слични содржини