Синовите на Сашо и Влатко Мијалков биле приведени откако учествувале во тепачка во Дебар Маало

од Nikola Popovski
641 прегледи

Неколку млади лица вчера биле приведени во полициска станица во Скопје по тепачка што се случило во локал во Дебар Маало, а според информациите станува збор за помладиот син на екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков и синот на Влатко Мијалков, поранешниот директор на Царинската управа.

„Ноќеска во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на синоќа околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е Jавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Полицијата не го откриваа идентитетот на напаѓачите, но сепак, иницијалите на осомничените упатуваат на тоа дека меѓу приведните се и синовите на Мијалкови.

Според неофицијалните информации, тепачката прво започнала пред локалот, а продолжила надвор на улицата, во скопско Дебар Маало.

Слични содржини