
Дневната консумација на сирење може да биде клучот за среќен живот, покажуваат неодамнешните истражувања. Научници од универзитетот во Копенхаген откриле дека консумирањето голема количина сирење е добро за здравјето на срцето.
Во 12-неделна студија во која учествувале 139 лица, 1/3 од испитаниците консумирале 80 грама сирење на ден, додека другата група консумирала слатко со леб.
Резултатите покажуваат дека групата која јадела сирење не само што го променила нивото на холестерол, обемот на половината и крвниот притисок, туку и го подобриле целокупното здравје.
Иако нивото на холестерол останува исто во двете групи, субјектите кои консумирале сирење пријавиле зголемување на „доброто“ ниво на холестерол.
Независна јапонска студија открива дека консумирањето сирење спречува акумулација на маснотии во црниот дроб, а друга докажува дека може да придонесе за подобро спиење, подобро расположение и уште полесно слабеење.