221
Две ракети ја погодија Зелената зона во Багдад, поради што се активирале сирени за тревога во американската амбасада во ирачкиот главен град, објавија западните медиуми.
Очевидци тврдат дека виделе чад и слушнале експлозии.
Една од ракетите, наводно, паднала во близина на турската амбасада.
Овој строго обезбедуван дел од градот често е мета на ракетни напади во последните неколку месеци, но ретко има жртви.