220
Членови на Општинската изборна комисија (ОИК) во северниот дел на Косовска Митровица, придружувани од специјалната косовска полиција, упаднаа во просториите што ги користеше ОИК на претходните избори, а во градот се слушаат топовски истрели и сирени, пренесе „Косово онлајн“.
Претходно денеска членовите на општинската изборна комисија придружувани од косовската полиција насилно влегоа во зградата на општина Зубин Поток на северот на Косово по 12 часот, што предизвика бунт кај српските граѓани кои случајно се нашле таму, а во тој град моментално се слушаат сирени.
„Косово онлајн“ објави дека во Зубина Поток се слушнале две експлозии, а од општинската зграда излегле членови на општинската изборна комисија и припадници на косовската полиција.