131
Бројот на загинати во Сирија во вчерашните земјотреси се зголеми на 1.712, соопштија денес сириските власти.
Државната новинска агенција САНА соопшти дека најмалку 812 лица загинале, а 1.449 се повредени во провинциите Алепо, Латакија, Хама, Идлиб и Тартус, кои се под контрола на владата.
Во северозападна Сирија, која е под контрола на опозицијата, најмалку 900 луѓе се убиени, а 2.300 се повредени, но, според спасувачкиот тим на Белите шлемови, се очекува бројката драстично да се зголеми, пренесува Ројтерс.