Сирија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ два дена по разорниот земјотрес што ги погоди таа земја и Турција, при што загинаа повеќе од 9.600 луѓе, изјави денеска комесарот за управување со кризи на Европската комисија Јанез Ленарчич.
„Утрово добивме барање од сириската влада за помош преку механизмот за цивилна заштита“, изјави Ленарчиќ за новинарите, пренесе „Ројтерс“.
Тој рече дека земјите-членки се охрабруваат да придонесат во обезбедувањето помош.