Сирија: Убиени лидери на Исламска држава во американски воздушен напад

од Stefanija Kuzmanovska

Во американски воздушен напад врз село во Сирија под контрола на силите на Башар ал Асад, убиен е еден од водачите на терористичката организација Исламска држава (ИД), кој се криел таму, а во одделен американски воздушен напад, подоцна беа убиени уште двајца, објави американската војска.

Хеликоптерската операција, чија цел беше терористичкиот водач Ракан Вахид ал Шамри, беше извршена ноќта меѓу средата кон четвртокот на североистокот на Сирија, се наведува во соопштението за печатот на американската воена команда за Блискиот Исток, пренесува „Гардијан“.

САД извршија напади против припадници на Исламската држава во Сирија, но ова е прв пат, од почетокот на војната во таа земја во 2011 година, американските војници да извршат операција со хеликоптер во област контролирана од владата на Башар ал Асад, наведува британскиот весник.

Слични содржини