Сиријски државјанин пронајден починат на патот кон планинскиот врв Кобилица

од Aleksandar Petrovski
280 прегледи

Во СВР Тетово вчера околу 11.00 часот планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското село Вејце, на патот кон планинскиот врв Кобилица, забележале безживотно машко тело.

Екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина со хеликоптер на МВР се упатиле на местото и извршиле увид, при што била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

При увидот, било утврдено дека најверојатно станува збор за 32-годишниот сириски државјанин М.Р., кој поседувал фалсификувани документи на име на друго лице од Шпанија, а кој на 28 декември минатата година во СВР Тетово бил пријавен како исчезнат.

Слични содржини