Сириската државна телевизија објави снимки од руски војници во борба против бунтовниците

од desk3
79 прегледи

Руски бојници се борат заедно со сириските владини сили, информираше државната телевизија во Дамаск, но и неколку медиуми.

rusi
Според медиумите на фотографиите се прикажани руски војници и оклопни возила во борбата против бунтовниците во Латакија, а бритаски Telegraph на записите може да се слушне дека војниците зборуваат на руски јазик.

Пред неколку денови, за директно воена интервенирање на Русија во Сирија јавил израелскиот Ynet, повикувајќи се на западни дипломатски извори, но веста подоцна беше демантирана од Russia Today,повикувајќи се висок воен извор од Русија.
Како што може да се забележи ид Твитер профилот поврзан со Јабхат ал Нусра, сириска гранка на Ал Каеда, се објавени фотографии од руски воени авиони и дронови кои летаат над Идлиб.

Се проширија и фотографиии на брод на руската морнарица кај Босфор, кој наводно пренесувал голема количина муниција и воена опрема.
Доколку се потврди автентичноста на денешните извештаи, тоа ќе биде прв доказ дека руските војници активно учествуваат во борбите, наведува Telegraph, и додава дека е можно Русите од извештајот да се платеници, што ги оддалечува од официјалната политика на Кремљ, пренесува хрватски Index.