Претставник на курдските сили изјави дека Курдите ќе се повлечат од пограничните области во согласност со договорот, откако Турција дозволи евакуација на преостанатите борци и цивили од опколениот град Рас ал Аин.

Редур Халили, претставник на Сириските демократски сили синоќа изјави дека евакуацијата од Рас ал Аин е планирана за денеска, доколку не дојде до нејзино одложување.

Тој додаде дека курдските сили ќе се повлечат 30 километри од границата.

Тоа е првпат курдските сили да најават дека ќе се повлечат од границата со Турција.

Халил посочи дека вчера имало делумна евакуација од Рас ал Аин и оти истата е спроведена во координација со САД.

Слични содржини