Украинскиот воен командант, генералот Олександар Сирски, рече дека „Украина се соочува со зголемени тешкотии во борбата против руската инвазија“ додека руските сили напредуваат на фронтот и војниците од Северна Кореја се подготвуваат да се приклучат на воената операција на Кремљ.
„Ситуацијата е сè уште предизвикувачка и покажува знаци на ескалација. Непријателот, користејќи ја својата информациска предност, продолжува со офанзивните дејства и ги фокусира своите напори на насоките на Покровск и Курахов“, му порача преку Фејсбук Сирски на командантот на американската воена команда во Европа, генерал Кристофер Каволи во саботата.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето синоќешно обраќање до јавноста рече дека командантот на украинската армија е фокусиран на одбраната околу градот Курахово, кој е една од целите на руските напади, и Покровск, логистичкиот центар на северот на земјата.