Сириските бунтовници синоќа соопштија дека решиле да го замрзнат учеството во какви било разговори поврзано со најавените мировни преговори, што по иницијатива на Русија и Турција треба да се одржат во казахстанскиот главен град Астана, се додека „сириските власти и формациите што ги поддржува Иран не прекинат со кршењето на примирјето“.
Бунтовниците информираа дека секое „територијално напредување“ на сириската војска и на шиитските паравоени групации, кои ја имаат поддршката на Иран, ќе значат крај на кревкото примирје, кое стапи во сила во петокот со посредништво на Русија и Турција.
Во соопштението потпишано од повеќе бунтовнички групи се тврди дека сириската војка и нејзините сојузници изминативе денови извршиле „бројни и големи кршења на примирјето“.
Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права претходно соопшти дека авиони на Военото воздухопловство на Сирија извршиле неколку водушни напади, но дека во целина примирјето се почитува во целата земја.
Советот за бебзеднст на ОН во саботата едногласно усвои Резолуција со која се изразува поддршка на примирјето во Сирија, „чија цел е прекин на граѓанската војна“ во земјата што трае речиси шест години.
Со резолуцијата, предложна од Русија, исто така се поздравуваат и плановите за одржување на преговори меѓу власта и бунтовниците во Астана.