Сирија: Повеќе од 1.700 загинати и речиси 4.000 повредени во земјотресот

од Radmila Tasevska
131 прегледи

Бројот на загинати во Сирија во вчерашните земјотреси се зголеми на 1.712, соопштија денес сириските власти.

Државната новинска агенција САНА соопшти дека најмалку 812 лица загинале, а 1.449 се повредени во провинциите Алепо, Латакија, Хама, Идлиб и Тартус, кои се под контрола на владата.

Во северозападна Сирија, која е под контрола на опозицијата, најмалку 900 луѓе се убиени, а 2.300 се повредени, но, според спасувачкиот тим на Белите шлемови, се очекува бројката драстично да се зголеми, пренесува Ројтерс.

Слични содржини