Милиони Американци немаат вода во своите домови, а една третина од нив се концентрирани во 15 градови, вклучително и некои од најголемите.
Дури половина милион домови во САД немаат вода во своите домови, покажува истражувањето „Проект за сиромаштија со вода“, спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Аризона. Нивните податоци се базирани на истражување на американското биро за попис, пишува британски „Гардијан“.
Така, на пример, во Сан Франциско, каде што просечниот годишен приход на едно домаќинство изнесува 96.265 долари и кој е трет град во светот според бројот на милијардери, дури 15.000 семејства немаат соодветен водовод.
Наместо да се подобри оваа ситуација, работите се влошуваат, така што бројот на домаќинства без вода се зголемил за 12 проценти од 2000 година.
Во Калифорнија, каде што се воведени строги препораки за миење раце и стерилизација поради Ковид-19, јавните служби регистрираа дека два проценти од населението во Сан Франциско нема вода. Уште пострашен е фактот дека од тој број, дури 57 проценти од нив немаат ниту кујна, што значи дека живеат во екстремна сиромаштија.
Затоа, семејствата без водовод мора да користат заеднички простории како бања или кујна, било во зградите во кои живеат или на јавни места.
Во Њујорк има 27.000 домови и 17.500 во Лос Анџелес без вода. Градовите како Милвоки, Сан Антонио, Феникс, Нешвил, Сиетл и Кливленд исто така имаат значителен број домови без вода, а ситуацијата не е подобрена во последните 20 години, покажува извештајот.
Ова истражување е концентрирано на урбани простори, меѓутоа, податоците од Американската алијанса за вода покажуваат дека повеќе од два милиони Американци се без водоснабдување во своите домови.
Сепак, недостатокот на проточна вода не е единствениот проблем кога станува збор за снабдувањето со витални течности во САД. Меѓу 15 и 22 милиони луѓе во САД ја добиваат водата преку цевки обложени со олово, поради што концентрацијата на тој метал во водата е зголемена, објави американскиот јавен сервис „АПМ“.