Денеска од пред зградата на Владата започна шестиот Марш за женски права по повод денот 8 март, во организација на Платформата за родова еднаквост. На маршот заеднички се упати порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права.
Присутните во говор појаснија дека жените во Македонија не учествуваат подеднакво во носењето на одлуките кои се важни за земјата.
-Само во Собранието постои делумна родова еднаквост. Денес протестираме за сите работнички во текстилната индустрија кои останаа без работа, за жените Ромки кои трпат секакви неправди, за економски зависните жени, за жените кои немаат ништо на своето име, за жените жртви на насилство, за преморените здравствени работнички. Бараме политики и мерки за последиците од Ковид-19 за сите жени, како и зголемено учество на жените во работните групи. Овој 8-ми март протестираме против системската сиромаштија која има женско лице, изјави една од организаторките на маршот.