Главниот командант на украинските сили Олександр Сирски ги посетил критичните зони на источниот фронт и оценил дека ситуацијата на теренот е „исклучително сложена и напната“.
„Руските окупатори продолжуваат да ги зајакнуваат своите напори и се побројни од украинските сили“, напиша Сирски на Телеграм.
Тој ја посетил линијата на фронтот заедно со министерот за одбрана, Рустем Омеров.
„Правиме се што е можно да го спречиме непријателот да напредува на наша територија и да ги задржиме нашите позиции“, нагласи Сирски.
Тој додаде дека украинските сили ги преземаат сите можни мерки за да ги минимизираат загубите и да ги спасат животите на своите војници.
Украинската војска денеска соопшти дека „уништила“ руски воен брод во близина на брегот на јужниот дел на Крим.