Сирски: Ситуацијата на фронтот е тешка во многу правци

од Vladimir Zorba
570 прегледи

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски денеска изјави дека ситуацијата е тешка во многу правци на фронтот со руските сили и дека бара постојан мониторинг.

„Непријателот врши редовни напади врз позициите на нашите војници“, напиша Сирски на својот канал Телеграм откако заедно со министерот за одбрана, Рустем Умеров ги обиколија напред командните пунктови во борбената зона.

Сирски и Умеров ги слушале извештаите на командантите за состојбата на фронтот, ја анализирале ситуацијата и разговарале за следните чекори, пренесува „Униан“Ф.

Слични содржини