Сирски: Ситуацијата во Харков се влоши, борбите продолжуваат

од Vladimir Zorba
256 прегледи

На линијата на фронтот во регионот Харков ситуацијата е влошена и во моментов продолжуваат борбите во пограничните области долж границата со Руската Федерација, изјави денеска врховниот командант на вооружените сили на Украина – Александар Сирски.

Тој истакна дека генерално ситуацијата на фронтот се уште е напната, пренесува агенцијата Интерфакс.

Непријателот активно ги напаѓа нашите единици во неколку правци со цел да напредува подлабоко на територијата на Украина, напиша Сирски на својот канал Телеграм.

Слични содржини