Сирски: Ситуацијата во правец на Бахмут е напната, Украинците постепено одат напред

од Stefanija Kuzmanovska

Ситуацијата во правец на Бахмут во регионот Доњецк е многу напната, но украинските војници постепено се движат напред и ја ослободуваат земјата, изјави денеска командантот на копнените сили на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Тој рече дека руските сили спроведуваат интензивен артилериски и минофрлачки оган, пренесува „Интерфакс Украина“.

Сирски додаде дека во правец на Купјанск и Лиман, руските сили постојано напаѓаат, користејќи ги своите професионални единици.

Слични содржини