Сирски забранил ширење на било какви информации за украинските загуби?

од Stefanija Kuzmanovska
422 прегледи

Според информациите од Украина, новиот врховен командант на украинската армија, Олександар Сирски, забранил ширење на било какви информации за украинските загуби во Селидово, каде што се наоѓал камп за обука за илјада луѓе, објави главната уредничка на „Русија севодња“ и РТ, Маргарита Симонјан.

„Од Украина пишуваат дека Сирски ги забранил сите информации за загубите во Селидово, каде нашите извршија силен напад. Таму обучуваа орда на украинската војска за Авдијевка“, напиша таа на Телеграм.

Селидово се наоѓа во ДНР и е под контрола на Украинците.

Руското министерство за одбрана вчера соопшти дека биле извршени ракетни напади врз упоришта на единиците на 59. моторизирана пешадиска бригада, 79. воздушнодесантна јуришна бригада и странски платеници со околу 600 луѓе. Покрај тоа, биле извршени напади на локации каде што е концентрирана воена опрема и артилериски системи во градовите Селидово, Курахово и во областа на рудникот Коротченко во ДНР, пренесува „Спутник“.

Слични содржини