„Систина“ стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на државава, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство.

-На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни, информираат од „Аџибадем Систина“.

Оттаму порачуваат да се следат препораките за заштита и превенција од Ковид 19.

Слични содржини