Сите донирани вакцини од Бугарија ќе ги аплицираме пред истекување на рокот на употреба, велат од МЗ

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Министерството за здравство информира дека согласно точните проекции за потребите за ревакцина со вакцината на „Фајзер“, како и големиот интерес за прва доза од овој производител, сите дози ќе бидат аплицирани далеку пред истекување на рокот на важност.

Вакцините од производителот „Фајзер“ кои треба да пристигнат како донација од Република Бугарија, ќе бидат аплицирани за 5 до 7 дена од нивната дистрибуција на пунктовите. Согласно договорот со Република Бугарија, вакцините ќе бидат достапни на 14 септември на нашите пунктови што значи дека има повеќе од доволно време да се искористат и ниедна да не биде уништена.

Просекот на дневно аплицирани дози е околу 10.000 вакцини и најголем процент од нив се токму од производителот „Фајзер“. Оттаму граѓаните може да бидат спокојни дека сите вакцини ќе бидат безбедни и со важечки рок во моментот на вакцинирање. Министерството во оваа прилика изразува благодарност до Владата на Република Бугарија за донацијата.

-Апелираме граѓаните масовно да се вакцинираат како би се заштитиле од вирусот, велат од МЗ.

Слични содржини