Сите го сакаат: Audi RS3 повлечен од продажба

од Vladimir Zorba

Audi RS3 е повлечен од продажба во Велика Британија поради поголемата побарувачка на понудата.

Актуелниот RS3 е во продажба на пазарот во Велика Британија од крајот на 2021 година. Audi им потврди на тамошните медиуми дека сега е фокусиран на исполнување на постојниот список на нарачки, најавувајќи дека ќе го врати моделот во гамата, но не наведе кога би можело да биде достапно за повторнa нарачка.

За потсетување, RS3 е придвижуван од 2,5-литарски петцилиндричен турбо мотор со 400 КС и 500 Nm вртежен момент, а доаѓа со 7-степен менувач со двојна спојка и погон на четири тркала.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h е 3,8 секунди.

Слични содржини