„Сите мора да се солидаризираат“: РКЕ ќе одржи подготвителна седница пред да се зголеми цената на струјата

од Берта Китинска
184 прегледи

РКЕ најдоцна до петок  треба да ја донесе одлуката за цената на струјата за корисниците на регуларниот пазар што ќе важи во првите шест месеци од наредната година.

“За утре е закажана подготвителната седница на која РКЕ пред енергетските компании ќе ги презентира механизимите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на електрична енергија. Станува збор за исклучителенo комплексен процес и во време на енергетска криза сите страни мора да се солидаризираат,“  вели Марина Узунов, портпарол на РКЕ.