„Во буџетот, во проекцијата, многу сериозно се зедоа железниците како една од инвестициите кои најмногу можат да придонесат индиректно кон развојот на локалната економија. Инвестициите во железницата се предвидливи и оваа Влада ги доведе во состојба да бидат предвидливи“, вели директорот на „Македонски железници Инфраструктура“, Хари Локвенец.
„Сите ние како Македонци и како граѓани треба да се гордееме со последниот пример на грант средства кои ЕУ ги додели за МЖ односно за македонската држава поврзани со третата фаза со предвидена проектна вредност од 405 милиони евра, ние добивме во два наврати пред неколку години 61 милион евра од ЕУ и сега пред неколку месеци дополнителни импозантни 155 милиони евра грантовски, поклон, или вкупно 216 милиони евра што во релативни бројки како сооднос од проектираната вредност на проектот и грантовски средства тоа е повеќе од 50 %. Ако искуствено можеме да зборуваме дека досега немало земја кандидат за членство во ЕУ која во тој процес добила повеќе од 30% грант средства како дел од некој проект, тогаш сите ние можеме да бидеме не само задоволни и горди на нашето работење туку и на препознавањето од страна на ЕУ на искрена желба не само железниците туку целата држава да оди напред користејќи ги сите шанси од ЕУ“, посочи тој