Сите поранешни функционери останаа без обезбедување

од desk4
76 прегледи

По повеќе од една година откако ја изгубија власта, сите поранешните министри од претходната влада останаа без обезбедување.

Освен поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, кој користеше 6 лица и две возила за обезбедување три години по напуштањето на функцијата, обезбедувањето им е одземено и на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, на кого му беше доделено откако дедото на малата Тамара пукаше кон него. Нема обезбедување ниту за екс министерката на МВР Гордана Јанкуловска.

Од министерството за внатрешни работи официјално потврдија дека со оваа полседна одлука никој од поранешните функционери не користи обезбедување од МВР.

Единствено екс премиеорт Никола Груевски е под обезбедување на МВР, а според законот му следува онолку години колку што бил на функцијата премиер За  бројот на лицата и степенот на заштита  проценува МВР според сознанија  на закана.