Сите претседатели на научен собир во МАНУ

од Берта Китинска
376 прегледи

МАНУ денеска и утре ќе организира научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“.

На првиот ден од собирот, како што е најавено, ќе се обратат актуелниот претседател Стево Пендаровски и неговите претходници Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов. На настанот треба да се обратат и Живко Кондев, шеф на кабинетот на првиот претседател на државата Киро Глигоров и Владо Поповски, кој беше советник во кабинетот на претседателот Борис Трајковски.

Поздравно обраќање ќе има и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Слични содржини