Сите производи се поскапени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
124 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во Македонија заради неспособноста на СДСМ имаме реална стагфлација, инфлацијата е на енормни 6.7%, додека производството опаѓа.

-Само во првите 48 дена владата направи буџетски дефицит од 164 милиони евра, што е 30% од предвидениот дефицит за цела година. Ова ќе иницира ребаланс, и ново задолжување, кое ќе треба да го враќаат и уште неродените деца. Буквално нема производ чија цена не е драстично зголемена.

Цените растат, трошоците за животот исто така, а власта одбива покачување на платите, дури и минималната плата која имаше зголемување, е еден вид израмнување, затоа што инфлацијата веќе одамна ја има изедено минималната плата. Денес во Македонија имаме сиромаштија. 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден, велат од најголемата опозициска партија преку соопштение.