Сите ранети од синоќешниот напад кај Младеновац се во животна опасност

од Stefanija Kuzmanovska
326 прегледи

Министерката за здравство на Србја, Даница Грујичиќ, изјави дека сите 13 лица кои ноќеска беа повредени од огнено оружје во околината на Младеновац се во животна опасност, „бидејќи со тие повреди од огнено оружје никогаш не можете да бидете сигурни што точно е оштетено“.

Министерката пред новинарите изјави дека деновиве во еден момент работеле шест сали и дека медицинските лица не потфрлиле.

За повредите при ноќното пукање, таа рече дека „едно лице има површна рана на градниот кош, градната коска и стомачното ткиво – роден е 1976 година, операцијата е завршена, стабилен е“, изјави Грујичиќ.

„Едно девојче (2006 година) има прострелна рана во главата и мочниот меур – ја оперирале васкуларни хирурзи, невролози и неврохирурзи, куршумот ѝ се забил во левото око, ќе има уште една интервенција“, изјави таа.

Таа рече дека Итната помош на Младеновац била на лице место во Дубона за 10 минути, а Смедеревската итна помош во Мали Орашје за 15 минути.

„Сите добро реагираа, се направи вистинска тријажа“, вели министерката.

„Тројца пациенти од околината на Младеновац не можеа да се спасат, починаа на лице место, како и момчето од Мали Орашје, четворица се пренесени во смедеревската болница, а само еден од нив давал знаци на живот, но починал“, додава Грујичиќ.

Според досегашните податоци, најмладата жртва е 15-годишно дете.

Слични содржини