Сите ресурси се на располагање за справување со африканската свинска чума

од Nikola Popovski

Новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски објави дека на денешната средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски се информирал за актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите, за преземените мерки, за идните мерки што треба заеднички да ги преземеме за заштита на животните и справување со болеста.

-Сите ресурси се ставени на респолагање. Разговаравме и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство.

Со АХВ постигнавме големи успеси во периодот 2017-2019: Се изработија законите за нус-производи од животинско потекло, за идентификација и регистрација на животни, за заштита и благосостојба на животните, за донирање на вишокот на храна, се воведоа нови програми за високо ниво на безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните.

Европската комисија ја рангираше АХВ за најдобра институција во регионот во областа на безбедност на храна и ветеринрство. Безбeдноста на храната и благосoстојбата на животните останува наш приоритет, објави Николовски.

Делегации од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска денеска се во работна посета на Ветеринарната комора на Република Македонија.

Посетата на делегациите е со цел да се разменат информации и искуства во врска со епидемиолошката состојба во регионот, со посебен осврт на Африканската чума кај свињите, болест која претходно е појавена во Република Србија и чии искуства се драгоцени во справувањето со оваа болест во Македонија.

Слични содржини