Сите случаи на корупција да се санкционираат, но и да се почитува презумпцијата на невиност, порача Филипче

од Milan1
22 прегледи

Во своето денешно обраќање на Конгресот на СДСМ, претседателот на партијата Венко Филипче се осврна и на делот на копрупција и владеење на правото.

„Сите случаи на корупција и прекршување на законите да бидат третирани од страна на надлежните државни институции, во објективна, непристрасна и независна постапка. Но барам, беспоговорно да се почитува начелото на презумпција на невиност, а секој криминал кој ќе биде докажан во фер и праведна постапка, да биде санкциониран. Никој не е недопирлив! Тоа важи и за нас, но да бидат сигурни овие од власта што се закануваат, дека ќе важи и за сите сегашни функционери на владејачката коалиција“ рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ нема да дозволи повторно да се врати времето на селективна правда и политички прогони.

„Едно да е јасно, селективна правда и политички прогон нема да дозволиме! На оцрнувања на нашите членови и функционери кои чесно работеле, а ВМРО-ДПМНЕ ги плука во нивните режимски медиуми, остро ќе се спротиставиме“ посочи Филипче.

Слични содржини