366
Откако беше потврдено дека британскиот принц Чарлс е заразен со коронавирусот, одекна веста дека е заразен и еден помошник чие име не е откриено.
Не е познато дали помошникот бил во контакт со кралицата откако се заразил со вирусот, но биле многу блиски. Освен што ѝ служел храна и пијалок, тој ги шетал нејзините кучиња, ги поздравувал гостите и читал писма.
„Сите сме преплашени. Се плашиме за кралицата. Страшно е да се помисли колку пати дошла во контакт со помошникот не знаејќи дека има коронавирус“, рекол извор за The sun.
Кралицата е во изолација во дворецот Винздор. Принцот Чарлс е добро и има само благи симптоми.