Сите навивачи на Динамо од Загреб кои се уапсени во Грција, го очекуваат судењето по убиството на 29-годишниот Михалис Кацурис. По првичните изјави, тие биле сместени во 16 различни затвори.
Од сите нив, еден е познат по исклучително лошите услови.
Како што се наведува во текстот на хрватски „Индекс“ дел од навивачите ќе бидат сместени во затворот Коридалос, каде во 2014 година се појавило страшно видео, во кое се гледаат лошите услови во кои се сместени затворениците.
„Во оваа соба од 25 квадратни метри има 15 луѓе“, вели еден маж, а на видеото се гледаат не само болни затвореници, туку и дамки од урина по аглите.
Наводно, половина од капацитетот на овој затвор во моментов е исполнет.
Наведено е дека осум хрватски државјани ќе бидат одведени во затворот во Авлона, а шест во затворската единица во Коридалос, која се наоѓа меѓу Атина и Пиреја. Останатите 27 затвореници ќе бидат распоредени во 14 затвори.