Сите верзии на iPhone (2020) ќе поддржуваат 5G

од Vlatko K
102 прегледи

Водечките производители се подготвуваат за масовно навлегување на технологијата 5G и веќе ги
претставија првите паметни телефони со Android што ја поддржуваат. Тие сè уште не стартирале со
продажбите на пазарот, што се очекува до крајот на 2019 година. Apple се подготвува да лансира
три нови паметни телефони оваа есен, но ниту еден од нив нема да биде оптимизиран за 5G
мрежите. Компанијата нема да брза и ќе има време до следната година пред да ја оптимизира
технологијата за iPhone.


Неколку фактори ја мотивираат оваа стратегија на Apple. Од една страна, 5G инфраструктурата ќе
биде пософистицирана на сите водечки пазари, но од друга страна, хардверските компоненти за 5G
ќе станат поевтини. Конкуренцијата помеѓу производителите на Android ќе придонесе за влез на
смартфоните со технологијата во сегментот до 250 американски долари. Компанијата ќе има
повеќе ресурси следната година, како резултат на аквизицијата од една милијарда американски
долари на бизнисот за модеми на Intel.

Добро познат и веродостоен извор на вести за Apple, Минг-Чи Куо сега предвидува дека сите три
верзии на iPhone (2020) ќе ја имаат најновата генерација на 5G модеми. До сега се сметаше дека
оваа опција ќе биде достапна само за двата премиум модели. Паметните телефони ќе поддржат
фреквенција 5G mmWave, која е популарна во САД, но и под-6GHz спектарот, што ќе го користат
мрежите од 5G во други земји низ целиот свет. Верзијата од 5G mmWave ќе понуди значително
поголема брзина од паметните телефони со Android.